Балева Чешма - Аниште— археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сопот. Претставува населба од доцната антика.
На 1 км југоисточно од селото, покрај стариот селски пат што води за Свети Николе, по површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 359, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Балева Чешма - Аниште — населба од доцноантичкото време; Крстовец — средновековна некропола; Мидарови Трла — могила од римското време; Сопот — осамени наоди од римското време; Сопот; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Сопот (Светиниколско)