Браница — археолошко наоѓалиште во светиниколското село Сарамзалино. Претставува населба од римско време.

На периферијата на селото, во непосредната близина на училиштето, при обработувањето на нивите се откриени темели од објекти, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и многу градежен материјал. Од ова наоѓалиште потекнува мермерната ара која е поставена како скалило во училиштето.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 358, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Браница — населба од римското време; До Селото — тумул од железното време; Јасика — водовод од римското време; Сарамзалино; Список на археолошки наоѓалишта во Светиниколско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Сарамзалино