А бре моме, малој моме — македонска староградска песна, напишана од непознат автор најверојатно во преродбениот период. Авторот директно ја искажува својата љубов кон безимената мома, со мака, затоа што ќе мора да оди на печалба за да направат свадба. Дејствието се одвива во градската средина, забележливо во конкретниот стих „за да знае цело маало колку те сакам“. Песната е од печалбарски карактер.
Одлики Аранжманот е во карактеристичен 7/8 такт, а за прпат се наоѓа на албумот „А бре моме, малој моме“ (1979),на YouTubeна Discogsна Deezer на Струшки Бисери.
Текст - А бре моме, малој моме, гледај на мене, оф аман, да ти видам бело лице, црни очи, оти време е да бегам да далеку.
- А бре лудо, ти бре младо, каде ќе одиш, оф аман, кому мене ќе оставиш, млада дадена, душманите да се ситат, јас да тагувам?
- Јас ќе одам, мило либе, многу далеку, оф аман, пари да спечалам, либе, свадба да правам, тебе да те земам, душо, за невеста.
- Сега дојди, мило либе, да те прегрнам, оф аман, за да знае цело маало колку те сакам, да испукаат душманите и душманките.
Наводи
Надворешни врски А бре моме, малој моме (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонска музика Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни