Димитар Андоновски (роден на , Битола) — македонски пејач.
Животопис Димитар живее во Битола и уште од мали нозе влегол во музичките води, пред се како ученик во нижо музичко училиште. Завршил средно музичко училиште (отсек виолина) во Битола и се запишал на музичката академија во Скопје. Првото пејачко искуство, Димитар го имал во 1994 година на Детскиот фестивал „Си-До“, каде ја отпеал, тогаш многу популарната „Кога Ема би знаела“, по што се појавил и во телевизиската серија „Здраво генијалци“ на МТВ, и оттогаш, како што самиот вели, постојано е во музиката.
Димитар бил дел од тимот финалисти на М2 продукција во 2003, а во полуфиналето ја отпеал „Ми требаш како молитва“ на Игор Узунов. Бил еден од придружните вокали на Тијана Дапчевиќ на Евровизија 2014.
Дискографија
Албуми
Потрага по соѕвездие (2003)
Синглови
1994 година: „Кога Ема Би Знаела“ 2003 година: „Не Сакав Да Те Засакам“ 2006 година: „Сè уште ме сонуваш“ 2006 година: „Исти Зборови“ 2008 година: „Ми зеде се“ 2009 година: „Заробени во сон“ 2009 година: „Ова небо знае се“ 2010 година: „Камено срце“ 2010 година: „Гледај ме во очи“ 2011 година: „Свој на Своето“ 2012 година: „Добро Ме Познаваш“ 2013 година: „Месечина“ 2013 година: „Ако Ме Боли“ 2013 година: „Во мене љубовта умира“ 2013 година: „Разбуди ме на полноќ“ 2014 година: „Се што ти ветив“ 2015 година: „Жал ми е“
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Пејачи од Битола Категорија:Македонски поп-пејачи