Средно Нерези — скопска населба во западниот дел на Општина Карпош, сместена на падините на Водно.

Географија Населбата се наоѓа малку над населбата Долно Нерези, и понекогаш се смета за дел од неа. Сместена е во југозападниот дел на градот, на исток од реката Вардар и на југ од булеварот „Македонија“.

Историја Местото непрестајно населено уште од брозеното време, за што сведочи старата населба во денешното наоѓалиште Круша.

На крајот на XIX век Средно Нерези било село во Скопската Каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Нерези (Горно, Долно и Средно) живееле 260 Македонци христијани и 300 Арнаути муслимани.

На почетокот на XX век целото христијанско населени на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 во Нерези имало 288 Македонци под егзархијата.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.114-116.

На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Нерези како мешано македонско-албанско село.Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.

Демографија Според пописот од 2002 година Средно Нерези било попишано со Долно Нерези и заедно имале 12 418 жители.

Народност Вкупно Македонци 10 288 Албанци 1 353 Турци 93 Роми 19 Власи 58 Срби 378 Бошњаци 14 други 217

Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Градиште — градиште од раноантичко време Круша — населба од бронзено време и некропола од железно и римско време

Поврзано Долно Нерези

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Водно