Три Чешми — археолошко наоѓалиште во штипското село Три Чешми. Претставува населба од римското време. Лежи на 500 м југоисточно од селото, на левата страна од патот за Штип, во голем блок во сопственост на поранешен ЗИК „Црвена ѕвезда“.

Теренот е на блага падина со неколку ниски височинки на кои, уште во 1960 година, биле откриени остатоци од темели на поголеми објекти, градени од камен и вар, потоа фрагменти од керамички садови, питоси и тегули, делкани блокови од камен и рачни мелници. Најден е и долен дел од скулптурална претстава на божество на кој се гледа десното стапало поставено врз глава на овен.

Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Штипско

Наводи