Света Недела — археолошко наоѓалиште во виничкото село Блатец. Претставува могила од римско време.

Се наоѓа северно од селото, на левиот брег на реката Осојница. Висока е 10 м, а во основата има пречник од околу 60 м. На површината се гледаат гробови со камени конструкции, поставени во правец исток-запад, секундарно вкопани во средновековието.

Според исказите на К. Костадинов, пред 40 години могилата била прекопана по средината, при што биле најдени метални предмети кои не се зачувани.

Поврзано Грамади — населба со некропола од римското време; Ирин Дол — могила од римското време; Калајџиево — населба со могила од римското време; Калe — градиште од римското време; Мојмија — тумул од железното време и населба од доцната антика; Рачи Брдо — могила од римското време; Селиште — населба од римското време; Црквиште — населба од доцноримско време; Чуката — могила од римско време; Блатец; Список на археолошки наоѓалишта во Виничко.

Наводи