Вообразениот болен (француски: Le malade imaginaire) - драма (комедија) на францускиот писател Молиер од 1673 година. Таа е последното дело на Молиер. На 17 февруари 1673 година, за време на четвртата претстава, во која тој ја играл главната улога, Молиер доживеал напад и умрел веднаш штом бил пренесен во неговиот стан.N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, Tartif – Don Žuan. Beograd: Rad, 1962, стр. 207.
Содржина
Осврт кон делото Гете имал многу пофално мислење за „Вообразениот болен“ која ја читал повеќе пати. Притоа, една сцена од драмата ја истакнувал како симбол на совршеното познавање на театарската сцена, а тоа е сцената во која вообразениот болен ја прашува својата ќерка Луизон дали во собата на нејзината постара сестра влегол некој млад човек. Според Гете, изнесувајќи разни мотиви, Молиер намерно го прави дејствието побавно така што Луизон најпрвин се прави дека не го разбира прашањето, потоа тврди дека ништо не знае, откако татко ѝ ќе се закани, таа паѓа во несвест, потоа ведро се враќа од божмната несвестица и најпосле признава сè. Според Гете, во оваа сцена има повеќе практична поука од сите теории.J. P. Ekerman, Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života. Beograd: Rad, 1960, стр. 74.
Наводи
Категорија:Дела на Молиер Категорија:Комедии Категорија:Француски драми