„Изгубената чест на Катарина Блум“ (германски: Die verlorene Ehre der Katharina Blum) — германски филм од 1983 година, во режија на Фолкер Шлендорф (Volker Schlöndorff) и Маргарете фон Трота (Margarethe von Trotta) по сценариото на Фолкер Шлендорф, засновано врз истоимениот роман на Хајнрих Бел. Главните улоги ги толкуваат: Ангела Винклер (Angela Winkler), Марио Адорф (Mario Adorf), Дитер Лазер (Dieter Laser), Јирген Прохнов (Jürgen Prochnow), Хајнц Бенент (Heinz Bennent) и Карл Хајнц Фосгерау (Karl Heinz Vosgerau).HRT, Die verlorene Ehre der Katharina Blum, njemački film (пристапено на 7.11.2020)

Синопсис Во февруари 1975 година, на Поклади, една група луѓе се забавуваат, меѓу кои и анархистот Лудвиг Гетен (го игра Прохнов) кого го следи полицијата. Друштвото заминува во друг стан, каде Лудвиг се среќава со младата жена Катарина Блум (ја игра Винклер) и меѓу нив веднаш се раѓа љубов. Утредента, полицијата ја опколува зградата и насилно влегува во нејзиниот стан, барајќи го Лудвиг, но тој успеал да побегне. Катарина е обвинета за соработка со Лудвиг и полицијата ја сослушува, обидувајќи се така да го фати Лудвиг. Истовремено, новинарот Тетгес (го игра Лазер), кој е соработник на полицијата, започнува да објавува сензационалистички статии во кои ја оцрнува Катарина. Набргу, таа почнува да добива анонимни телефонски и писмени пораки со закани и навреди. За време на сослушувањето, Катарина се обидува да го прикрие идентитетот на Алојз (го игра Фосгерау), угледен човек, со кого се гледа одвреме-навреме. Додека Катарина е притисната од сите страни, единствено адвокатот Блорна (го игра Бенент) и неговата сопруга се обидуваат да ѝ помогнат. Најпосле, полицијата го открива Лудвиг, кој се крие во вилата на Алојз, и успева да го уапси. Откако Тетгес ќе влезе во болницата во која лежи мајката на Катарина и која набргу ќе умре, Катарина решава да му се одмазди на новинарот за нејзината нарушена чест. Затоа, таа му закажува состанок со намера да даде интервју, но тогаш го убива, а подоцна го убива и неговиот помошник. Така, таа е уапсена, а во затворот накратко го среќава Лудвиг при што успеваат да се бакнат. Филмот завршува со закопот на Тетгес.

Наводи

Категорија:Германски филмови Категорија:Филмови на германски јазик Категорија:Филмови од 1975 година Категорија:Филмови на Фолкер Шлендорф Категорија:Филмови на Маргарете фон Трота Категорија:Филмови со Ангела Винклер Категорија:Филмови со Марио Адорф Категорија:Филмови со Дитер Лазер Категорија:Филмови со Хајнц Бенент Категорија:Филмови со Јирген Прохнов Категорија:Филмови со Карл Хајнц Фосгерау Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Германија Категорија:Филмови засновани на романи