1099  Прва крстоносна војна: Годфрид Бујонски е избран за прв Бранител на Светиот Гроб на Ерусалимското Кралство. 1456  Унгарскиот регент Јанош Хуњади ја пробил опсадата на Белград и им нанел тежок пораз на Отоманските освојувачи предводени од Мехмед II. 1894  Првата воопшто моторизирана трка се одржала во Франција, на 128-километарски пат помеѓу Париз и Руан. Победил Албер де Дион, основачот на Тур де Франс. 1908  Младотурците ја презеле власта во Битола и ги ослободиле сите затвореници. 1933  Американскиот воздухопловец Вили Пост го извел првото самостојно летање со авион околу Земјината топка. Прелетал 25.000 километри со 14 застанувања за 7 дена, 18 часа и 45 минути. 1948  Во Скопје, со одлука на Владата на НРМ, е основан Институтот за национална историја. 1962  Пропадна првиот американски обид за лансирање автоматска сонда на Венера. Ракетата лансирана од Кејп Канаверал на Флорида ја промени насоката и по неколку минути експлодира. 1992  Најголемиот колумбиски производител и трговец со дрога Пабло Ескобар побегнал од затвор. Убиен е во декември следната година во Медељин, во престрелка со полицијата. 22 јули