„Лична мома скопјанка“ — македонска народна песна. Песната е посветена на една убава Скопјанка. Песната е од љубовен карактер.
Текст -Лична е од полична, баш самовила, како сон создадена, букет набрана. Погледни ја под око, ќе се насмее, дофати ја за рака, ќе се распее.
Лична мома скопјанка, ќерка македонска, росна китка в' градина, црвен каранфил.
Само да ја погледаш, ќе ја посакаш, везден да е со тебе, да ја милуваш. Ајде сите запејте песна весела, за таа мома убава овде родена.
Лична мома скопјанка, ќерка македонска, росна китка в' градина, црвен каранфил.
Надворешни врски Лична мома скопјанка (текст и музика) на pesna.org
Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни