Мануфахи (португалски: Município Manufahi, тетум: Munisípiu Lautein) — една од општините на Источен Тимор. Има население од 53 691 (попис од 2015 година) и површина од 1 323 км². Главниот град на општината е Саме.

Историја За време на португалската колонија, општината се викаше Саме, по главниот град. Тоа беше епицентарот на Големата буна од 1910–12 година.

За време на индонезиската окупација, тогашната под-област Хато-Удо беше отцепена од тогашната област Мануфахи и се приклучи на Ајнару, а тогашната под-област Турискаи, претходно во Ајнару, беше преместена во Мануфахи.

Географија лево|мини|Мапа на Мануфахи Мануфахи лежи на јужниот брег на Источен Тимор, на Тиморското Море. Се граничи со Манатуту на исток, Ајнару на запад и Ајлеу на север.

Население Покрај националните официјални јазици тетумски и португалски јазик, се зборува и малајо-полинезиски јазик Мамбаи.

Поврзано

Источен Тимор Општини во Источен Тимор

Наводи

Надворешни врски

Портал Мануфахи

Категорија:Општини во Источен Тимор