Кировски Реон (, , ) е еден од 25-те региони на Крим, во моментов е предмет на територијален спор помеѓу Руската Федерација и Украина. Административен центар на реонот е населбата од градски тип, Кировске. Населението е 50,834 жители од пописот на населението во 2014 година.
Реонот се наоѓа во источниот дел на републиката. Јужниот дел на реонот е опфатен со подножјата, додека северниот се наоѓа во кримската степа. Северно-кримскиот канал (главниот воден пат на северен Крим кој ја снабдува републиката со вода од реката Днепар) минува низ регионот.
Реонот е познат по историскиот град Стари Крим.
Наводи
Категорија:Реони во Крим Категорија:Статии со извори на руски (ru)