е борбена игра и трет наслов од Tekken серијалот. Издадена е за аркадите во март 1997 година, и за PlayStation во 1998 година. Оригиналната аркадна верзија била објавена во 2005 година за PlayStation 2 како дел од Arcade History режимот на Tekken 5. Играта е повторно издадена во 2018 г. како дел од конзолата на Sony, PlayStation Classic.

Tekken 3 содржи многу нови ликови, вклучително и деби на неколку главни ликови како што се Џин Казама, Линг Жаоју, Брајан Фјури, Еди Гордо и Хуоаранг, со вкупни дваесет и три карактери. Домашната верзија вклучува нов „тепачки“ режим наречен Tekken Force и бонус режим Tekken Ball.

Tekken 3 се наведува како една од најдобрите видео игри на сите времиња. Со продадени повеќе од 8 милиони примероци ширум светот, Tekken 3 е четврта најпродавана игра за PlayStation. По неа следи Tekken Tag Tournament, неканонска игра издадена во 1999 година за аркадите и во 2000 година за PlayStation 2. Директното продолжение, Tekken 4 било објавено за аркадите и за PlayStation 2 во 2001 и 2002 година.

Гејмплеј Tekken 3 го користи истиот основен борбен систем и концепт како и неговите претходници. Три-димензионалното движење е незначително во претходните Tekken игри (настрана што некои карактери имаат уникатни странични потези и маневри за ескивирање), додека Tekken 3 додава акцент на третата оска дозволувајќи им на ликовите да ја заобиколат или излезат од позадината. Борците тука можат да скокнат повисоко отколку во претходните игри, што ги прави полесно поразителни и дава повеќе корист на страничните ескивирања, бидејќи скокањето повеќе не може да го избегне секој напад близу до земјата. Новите подобрувања вклучуваат побрзи закрепнувања од нокдауните, полесни бегства од зафатите и зашеметувањата, повеќе потези со овозможено „жонглирање“, и новосоздадени комбо фрлања.

Tekken 3 воведува „тепачка“ мини-игра наречена Tekken Force, што му дава задача на играчот да го „истрча“ нивото, притоа борејќи се против војниците на Мишима корпорацијата, и на крајот со еден „boss“ лик. Концептот бил продолжен и во Tekken 4 , а го наследил и кампањскиот Devil Within режим во Tekken 5. Друга достапна мини-игра е Tekken Ball, која е слична на одбојка на плажа, каде што играчот мора да ја погоди топката со силен напад за да го удри противникот или да му одземе од енергијата, ако топката падне на територијата на противникот.

Ликови Поради тоа што дејствието на играта се одвива 20 години подоцна, само шест карактери од претходниот наслов се достапни од Tekken 2:

Ана Вилијамс (која е замена како костим на Нина во аркадната верзија, додека во PlayStation верзијата таа е целосно одделена од Нина, со сопствени потези, глас и кинематски крај.) Јошимитсу Леи Вулонг Нина Вилијамс Пол Феникс Хеихачи Мишима

Не се вклучени:

Маршал Ло Џек-2 Баек Доо Сан Армор Кинг I Кинг I Кума I Брус Ирвин Роџер Алекс Ли Чаолан Кунимитсу Уанг Џинреи Девил (Ѓавол) Ангел Мишел Ченг Казуја Мишима Џун Казама Прототип Џек.

Нови ликови

Брајан Фјури: Киборг кик-боксер испратен од лудиот научник д-р Абел да го киднапира неговиот соперник научник д-р Босконович. Кроу (Врана): Кодно име и член на Tekken Force. Тој има најнизок ранг. Д-р Босконович: Смешен, постар генијален научник кој е пријател на Јошимитсу и затвореник на Мишима Заибатсу (бидејќи е принуден да создаде неколку проекти за нив, вклучително и генетски изменетите животни Роџер и Алекс) Еди Гордо: Капуера гениј, кој бара одмазда против Мишима Заибатсу за убиството на неговите родители и уништувањето на бизнисот на неговото семејство. Форест Ло: Синот на Маршал Ло (кој многу наликува и се бори како него), кој сега се натпреварува да заработи пари за да му помогне. Гон: Специјален гостин лик од истоимената манга. Ган Џек: Третиот модел од Џек моделите на роботите испратен од неговиот творец Џејн, за да ги поврати податоците од меморијата на Џек 2. Хуоаранг: Теквондо ученик на Баек Доо Сан сака да му се одмазди на Огар за наводното убиство на неговиот учител. Џин Казама: Внук на Хеихачи Мишима и син на Казуја Мишима и Џун Казама кој ги вежбал боречките вештини на неговите родители, и бара одмазда против Огре затоа што наводно ја убил неговата мајка. Џулија Ченг: Посвоената ќерка на Мишел Ченг тргнува да ја спаси својата киднапирана мајка од Мишима Заибатсу. Кинг II: Наследникот на оригиналниот Кинг кој учествува да го спаси сиропиталиштето на неговиот претходник откако оригиналниот бива убиен од Огар. Кума II: Синот на оригиналната Кума кој исто така служи како лојален миленик и телохранител на Хеихачи. Линг Жаоју: Кинеска тинејџерка која практикува багуажанг и пигвакуан боречки вештини, која сака да изгради сопствен забавен парк со освојувањето на турнирот. Мокуџин: Дрвена кукла стара 2,000 години, која оживува како резултат на будењето на Огар и е во состојба да ги копира стиловите на борба на сите други ликови. Панда: Домашното милениче и телохранител на Жаоју. Тајгер Џексон: Диско играч со афро, костим на Еди Гордо. Огар: Мистериозен бесмртен хуманоид познат како „Бог на Борењето“. Огар е главниот антагонист и последен протвник, одговорен за исчезнувањата на бројни боречки мајстори. Вистински Огар: Втората вистинска трансформација на Огар.

Стари ликови

Ана Вилијамс Хеихачи Мишима Кинг II (Тенички ист како Кинг I) Леи Вулонг Нина Вилијамс Пол Феникс Јошимитсу

Лик за отклучување

Непријател кој е недостапен за играње во режимот Tekken Force

Алтернативен костим

Бонус карактер

Достапен само во домашната верзија

„Шеф“ кој може да се отклучи

Алтернативен костим од аркадната верзија

Приказна Петнаесет години по вториот турнир „Крал на железната тупаница“, Хеихачи Мишима ја основа Tekken Force: паравоена организација посветена на заштитата на Мишима Заибатсу. Користејќи го влијанието на компанијата, Хеихачи е одговорен за многу настани што на крајот доведуваат до мир во светот. Еден ден, ескадрила војници на Tekken Force претресуваат антички храм сместен во Мексико за проект за ископување. Наскоро по пристигнувањето таму, Хеихачи дознава дека биле уништени од мистериозно и злонамерно суштество познато како Огар. Хеихачи, добивајќи краток поглед на суштеството, пред неговото непосредно исчезнување, се обидува да го фати во надеж дека ќе ја искористи неговата огромна борбена моќ за своја лична корист. Наскоро, разни познати боречки мајстори завршуваат мртви, нападнати или исчезнати од целиот свет, а зад сето тоа стои Огар.

Џун Казама живее мирен живот во Јакушима со нејзиниот млад син Џин Казама, син на Казуја Мишима, реоден по настаните од претходниот турнир. Сепак, нивниот мирен живот е нарушен кога Џун го претчувствува присуството на Огар и знае дека сега е негова мета. Џун му наложува на Џин да го побара Хеихачи ако нешто се случи. По петнаесеттиот роденден на Џин, Огар напаѓа. Наспроти желбите на Џун, Џин храбро се обидува да се бори против Огар, но тој го удира во бесознание. Кога Џин се буди, открива дека тлото околу неговата куќа е изгорено, а неговата мајка е исчезната и најверојатно мртва. Поттикнат од одмаздата, Џин е соочен со Девил (Ѓаволот), кој ја маркира левата рака на Џин и го поседува. Џин оди кај неговиот дедо, Хеихачи, објаснувајќи ја неговата ситуација и го моли да го тренира за да стане доволно силен за да се соочи со Огре. Хеихачи го прифаќа тоа и го зема Џин под свое закрило, испраќајки го во гимназијата Мишима каде што Џин се среќава со соученичката по име Линг Жаоју и нејзиното милениче Панда.

Четири години подоцна, Џин го совладува Мишима карате стилот. На деветнаесеттиот роденден на Џин, Хеихачи го објавува Третиот турнир „Крал на железната тупаница“, а самиот Џин се подготвува за претстојната битка, без идеја дека неговиот дедо тајно ги користи него, Жаоју и останатите натпреварувачи како мамка со цел да го привлече Огар да дојде кај нив.

Во последната рунда од турнирот, Пол Феникс влегува во голем храм, го победува Огар и си оди од турнирот, мислејќи дека е победник. Сепак, Огар се траснформира во својата втора форма, Вистински Огар, и турнирот продолжува по заминувањето на Пол. Џин конечно се соочува со Вистинскиот Огар и го победува, кој пак целосно се распарчува. Но, Џин е одеднаш застрелан од ескадрила на Tekken Force предводена од Хеихачи, кој, веќе нема потреба од него, и лично испукува последен куршум во главата на неговиот внук. Меѓутоа, Џин, оживеан од Ѓаволот во него, повторно се буди и ги убива војниците, прекршувајќи го Хеихачи низ ѕидот на храмот. Џин го фаќа Хеихачи непосредно пред да ја падне од височината (поштедувајќи го), а тој погледнува во Џин, на кој му никнуваат темни пердувести крилја и одлетува во ноќта.

Развој и издавање Tekken 3 е првата игра објавена на хардверот Namco System 12, по оригиналните две Tekken игри од System 11. Анимацијата на борците е создадена со снимање на човечкото движење.

Оригиналната верзија на Tekken 3 за PlayStation се одликува со два нови скриени ликови: Гон и д-р Босконович. Ана, исто така, добива свои потези, место за бирање, глас, уникатни напади и кинематски крај. Верзијата на PlayStation се одликува со новите режими Tekken Force и Tekken Ball, како и сите режими присутни од Tekken 2. Поради хардверските ограничувања на PlayStation кој има помала видео RAM меморија и помала процесорска брзина, визуелниот квалитет бил намален. Позадините се вратени во 2D панорамски слики, а бројот на многуаголници што се користат за секој карактер се занемарливо намалени, а звучните ефекти се попуштени и во повисока интонација, и екранот е спуштен во пониска вкупна резолуција. Претставниците на Намко првично изјавиле дека не сметаат дека е можно да се создаде Tekken 3 за оригиналната PlayStation конзола. До април 1997 година, Tekken 3 била популарна на аркадите, а процесот за нејзино претворање во домашно издание се сметал за сигурно за PlayStation, но скоро никако за Nintendo 64. Музиката за Tekken 3 е напишана од Нобујоши Сано и Кеичи Окабе за аркадната верзија, а верзијата за PlayStation содржи дополнителни композиции од истите композитори, заедно со Хирујуки Кауада, Минамо Такахаши, Јуу Мијаке, Јоши Аракауа и Хидеки Тобета.

PlayStation емулаторот Bleem! бил објавен за Sega Dreamcast што им овозможило на сопствениците на Dreamcast да играат графички подобрена верзија на Tekken 3 користејќи ја копијата на играта од PlayStation. Tekken 5 домашното издание за PlayStation 2 ја содржи аркадната верзија на Tekken 3. PlayStation верзијата за Tekken 3 е меѓу 20-те игри кои ја дефинирале генерацијата на PlayStation Classic, објавена на 3 декември 2018 година.

Прием Во Јапонија, изданието на Game Machine од 15 април 1997 година, го навело Tekken 3 како најуспешна аркадна игра на годината. Според „Metacritic“, играта има оцена 96 од вкупно 100, што укажува на универзалното признание, и е рангирана на #2 на списокот на најдобри игри за Плејстејшн. Од април 2011 година, играта е наведена како дванаесетта највисоко рангирана игра на сите времиња од GameRankings со просечна оценка од 96%.

Tekken 3 станала првата игра во последните три години што добила 10-ка од рецензент на Electronic Gaming Monthly, а тројца од четворицата рецензенти и дале најголема можна оценка. Tekken 3 е првата игра што има постигнато 10 под ревидираната скала на EGM со тоа што игрите повеќе не треба да се сметаат за совршени за да добијат 10 оцена. Единствено помала оцена од 10 и дале енигматскиот гуру за ревизија на борбени игри на списанието, Sushi-X, кој напишал дека „ниту една игра што ги наградува почетниците ако чкрапаат на копчињата нема да биде врвна по моите стандарди“, давајќи и на играта 9 од 10. GameSpot рецензентот, Џеф Герстман, и дал оцена 9,9/10, пишувајќи: „Нема многу нешта што ја двојат Tekken 3 од совршена 10-ка. Ако ексклузивните карактери на PlayStation беа подобри, а Force режимот малку повоодушевувачки, би била најблиску до совршен резултат.“ Тој исто така ги пофалил звучните ефекти, музиката и графиката.