алт=Аниме стилизирано око|мини|Аниме стилизирано око Шонен или шонен-манга () — манга наменета за младата машка публика. Старосната група се менува во зависност од поединечните читатели и различните списанија, но првенствено е наменета за момчиња на возраст од 8 до 18 години. Целосниот израз значи „момчешки стрип“, или едноставно „детски стрип“. Шонен-манга е најпопуларниот вид манга, а женскиот еквивалент е шоџо-манга.

Резиме Шонен-манга обично се одликува со многу акции , честопати смешни дејствија со машки протагонисти. Другарството помеѓу момчиња или машките во спортските екипи, борбени одреди и слично. Атрактивните женски ликови со претерани одлики се исто така чести, како што е Сакура Харуно од Наруто или Нами од ( наречен и сервис за обожаватели ). Главните ликови честопати имаат желба да се унапредат .

Таквите Манги честопати претставуваат предизвик за способностите, вештините и зрелоста на протагонистите истакнувајќи го совршенството, строгата самодисциплина, жртвувањето поради должноста, како и чесната услуга на општеството, заедницата, семејството и пријателите Schodt, 1986, op. cit., chapter 3. стр. 68-87.Brenner, 2007, op. cit., pp. 31.

Ниту една од наведените одлики не е услов како што се гледа во шонен-мангата, која ја карактеризира главната женска улога и скоро е без сервис за обожавателите или дејството; она што најмногу одредува дали е или не серијата шонен се работи како списанието кое ја серијализира или терминот во кој се емитува на телевизија. По случајот на Кутому Мијазаки, описите на насилството и сексуалните работи станале многу регулирани во мангите генерално, а особено во шонен http://intersections.anu.edu.au/issue20/mclelland.htm<br />"Један од резултата новог режима само-регулације међу манга продуцентима и дистрибутерима који су започели владавину насилних и сексуалниг слика које су карактерисале жанр, нарочито шонен.". Уметничкиот стил на шонен е генерално помалку „цветен“ во однос на шоџо, иаку варира од цртач до цртач, некои цртале и шонен и шоџо.

Различни приказни во шонен можат да имаат различни теми, како што се боречки вештини, роботи, научна фантастика, спорт, терор и митолошки суштества .

Некои од популарните шонени

Змејска топка Наруто Самовилска опашка Мојата херојска академија Напад на титаните

Наводи

Категорија:Јапонска книжевност Категорија:Јапонска култура Категорија:Манга