Национален идеал за единство или НИУ (Natzionalen Ideal za Edinstvo) (), е националистичка политичка партија во Бугарија. Името на партијата до 2012 година било ИМРО - Национален идеал за единство (ИМРО - НИУ).
Историја Партијата била основана во 2010 година кога група членови на ИМРО - Бугарско национално движење предводено од градоначалникот на Пловдив, Славчо Атанасов, се одвоиле од партијата. Ова се случило кратко по вонредниот конгрес на ИМРО - БНМ на 18 октомври 2009 година, кога Атанасов не бил избран за лидер на партијата на местото на Каракачанов.ВМРО-НИЕ гласува като под строй
Структурата на управувањето со „ИМРО - Национален идеал за единство“ е Национален извршен комитет составен од 21 лице, Национален политички совет, Национална комисија за контрола, окружни комитети, локални организации.
На претседателските избори во 2011 година „ИМРО - Национален идеал за единство“ не номинирал свој кандидат и не поддржувал јавно ниту еден друг кандидат. Во исто време, на локалните избори во Пловдив, Славчо Атанасов изгубил во вториот круг избори за градоначалник. Партијата била вклучена во разни коалиции чии кандидати победиле во Карлово, Кресна, Ќустендил, Монтана, Тополовград, општина Хасково.
Во септември 2012 година партијата го сменила името во само Национален идеал за единство.ВМРО-НИЕ вече ще се казва само НИЕ, http://dariknews.bg, 16.09.2012 г. На почетокот на 2014 година структурите на партијата се споиле во Националниот фронт за спас на Бугарија и ги номинирала своите кандидати за избори во Европскиот парламент во 2014 година.
Надворешни врски
Официјална страница
Наводи
Категорија:Бугарски национализам Категорија:Бугарски националисти