Беленден Кер (англиски: Mount Bellenden Ker) е втората највисока планина во Квинсленд, Австралија. Планината има висина од 1593 метри надморска висина. Именувана е по ботаничарот Џон Беленден Кер Голер. Беленден Кер се наоѓа на 60 км јужно од Кернс, во близина на Бабинда и планината Бартл Фрир. Бартл Фрир и Беленден Кер се дел од планинскиот венец Беленден Кер. Двете планини доминираат кај Џозефините Водопади во Националниот парк Вороноран.
На самиот врв има неколку телевизиски предаватели. Единствениот пристап до телевизиските предаватели и до метеоролошката станица која се наоѓа на врвот е преку приватна жичница.
Историја Во 1873 година, Валтер Хил, првиот колонијален ботаничар во Квинсленд, направил експедиција во северен Квинсленд за да собере домородни растенија и вклучил патување до планината Беленден Кер. Во истата година Роберт Артур Џонстон се искачил на врвот додека ги истражувал крајбрежните земји јужно од Куктаун со Џорџ Елфинстон Далримпл. Друга експедиција на самитот, предводена од Арчибалд Местон (1851-1924), била спроведена на почетокот на февруари до почетокот на март 1889 година.
Наводи
Надворешни врски Тропски дождовни шуми во Квинсленд
Категорија:Планини во Австралија