Игор Анѓелков (р. ) — македонски писател, критичар и уредник.

Животопис

Роден е во Скопје. Дипломирал интердисциплинарни студии по новинарство, а магистрирал на мастер студиите по "Медиуми и комуникации" на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Активно е присутен во периодиката со низа критички осврти и рецензии од областа на книжевноста, музиката и филмот, а долго време беше дел и од екипите на скопските радија "Канал 103" и "Равел".

Повеќе десет години е уредник на популарната едиција "ПРОаЗА" во издавачката куќа "Или-Или", а исто толку години е автор и уредник на филмскиот магазин "Филмополис" на ТВ Телма.

Дела

Кротки приказни, кратки раскази, 2006 година; Крај-пат, роман, 2010 година; Фото синтеза, роман, 2013 годинаhttps://www.slobodnaevropa.mk/a/24949906.html; Филм.мкд, од областа на филм, 2015 година; Филмски град, од областа на филм, 2018 година; Шрапнел, роман, 2020 година.

Награди

Државната награда за публицистика „Мито Хаџивасилев-Јасмин“ за 2015 година;

Романите Крај-пат, и Шрапнел беа во најтесна конкуренција за Рациново признание.

Наводи

Надворешни врски „Херој на еден ден“ — портал на Игор Анѓелков за книжевност, уметност, филм и музика

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Скопје