Лилјана Пандева (, ) — македонски поет, раскажувач и романописец.Класифицирано.ПМВ Публикации,Скопје, 2029.
Животопис Лилјана Пандева дипломирала на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Филолошкиот факултет Блаже Конески во Скопје. На истиот факултет магистрирала на тема: „Поетските фигури на формата во македонската книжевност меѓу традицијата и иновацијата“, а докторирала на тема: „Адвербијализацијата во македонскиот јазик“.
Добитник на две откупни награди за краток расказ на „Нова Македонија“.
Автор е и на повеќе стручни трудови од областа на македонистиката.
Нејзините дела се преведувани на германски, на српски и на руски јазик.
Дела Новогодишни едночинки, драмулетки за деца; Канцелариски колумни, раскази; Љубов од А до Ш и обратно, поезија; Од агендата на Калина Калин, роман; Возовите на Луцерн, роман; Доилката, роман; Дневници на една љубов, роман; Класифицирано, роман.
Награди 2016 - Награда „Стале Попов“; 2021 - Награда „13 Ноември“
Романот Класифицирано беше во најтесна конкуренција за Рациново признание во 2020 година.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „Стале Попов“