Сурлица — населено место во општина Трговиште, Пчињски Управен Округ, Србија.
Историја Во минатото во ова село некое време живееле Јуруци. Имало од 60 до 70 јуручки куќи во селото. Во времето додека овде живееле јуруците, од кратовско се доселиле двајца браќа. Нивните куќи лежеле подалеку од јуручките куќи, во Ѓоринско маало. Двајцата браќа овде имале вкупно 9 синови. Тие брзо се намножиле, и цело село потекнува од споменатите двајца браќа доселени од кратовско.
Кон крајот на XIX век Сурлица е село во прешевската каза на османлиската империја. Според патриаршискиот митрополит Фирмилијан во 1902 година во селото имало 67 патриаршиски куќи.Извештај на скопскиот митрополит за бројот на куќите под негово водство, 1902 г., отсликано од ДАРМ. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во селото има 240 жители.Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 146-147.
Во селото има параклис „Света Петка“.
Демографија Во 2002 година во селото живеат 92 Срби и 2 други.
Родови Сурлица е населена со словенското население кое се смета за српско и зборува торлачки.
Според истражувањата од 1949 година, родови во селото:
Доселеници: Целото население на селото потекнува од двајца браќа кои се доселиле од кратовскиот крај, непознато од кое место. Родови се следните: Ѓоргинци (21 к.) еден дел од овој род се вика Качарци; Долномалци (12 к.) имаат иселеници во селото Горно Коњаре кај Куманово (едно семејство); Бигларци (25 к.) имаат иселеници во селото Каравуково во Војводина; Јанковци (11 к.) имаат иселеници во селото Иванковци кај Велес (едно семејство иселено, а се поделиле на две куќи); Станојинци (9 к.) се делат на Станковци и Миленковци. Во овој род се знае следното родословие: Манасија (жив на 76 г. во 1949 година) Станко-Стеван-Станоја-Билисав, еден од браќата кои се доселиле од кратовско. Имаат иселеници во селото Иванковци (две семејства) и во Горно Коњаре (едно семејство); Стајинци (7 к.) живеат во истоименото маало; Масларци (6 к.) имаат иселеници во Мустафино во Овче Поле (едно семејство); Деда-Стојановци (21 к.) еден дел од овој род се вика Мишинци; Смокарци (2 к.) гранка се од претходниот род. Имаат иселеници во Метохија (Г. Гуданце).
Пописи 1948- 887 1953- 937 1961- 860 1971- 712 1981- 349 1991- 156 2002- 101
Иселеништво Покрај погоре споменатите иселеници при описот на родови, иселеници има и во селото Плоча кај Босилеград (иселеникот ја основал Суљева маала). потоа во паланечкото село Огут (Качаровци), во пчинските села Долна Лесница (Јуруци и Спасинци) и во селото Голочевце (Мамузовци).
Наводи
Категорија:Трговиште (Србија) Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Населени места во Вардарска Македонија