мини|десно|250п|Палататa на Националниот конгрес на Бразил
Палата на Националниот конгрес на Бразил (португалски: Palácio do Congresso Nacional) — зграда во којашто е сместено седиштето на Националниот конгрес на Бразил во Бразилија. Градбата била проектирана од страна на Оскар Нимаер во 1960 година.Palacio Nereu Ramos (Palacio del Congreso Nacional)
Опис На хоризонталниот блок поставена е платформа на која има две полусфери одлево и одесно со полукружни облици свртени обратно од куполниот систем.
Помеѓу нив се издигаат две паралелни квадратни идентични кули на висина од 100 метри. Конгресот опфаќа и други соседни згради, од кои некои се меѓусебно поврзани со тунел.
Во декември 2007 година, биле навршени 100 години од раѓањето на Нимаер, Националниот институт за историско и уметничко наследство ја прогласил зградата на Националниот конгрес и другите 34 згради од неговиот опус за културно-историско наследство на Бразил.9El Palacio Nereu Ramos.
Стилски одлики
Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од делата во кој својата архитектонска и творечка мисла ја изразил капитално, монументално и најснажно. Во својот уметнички израз Нимаер комбинирал бетон, стакло и челик. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост.
Овој негов проект ги опфаќа сите негови мотивски преокупации реализирани на повеќе места и во различни временски интервали.
За разлика од познатата Зграда на Обединетите нации, овде, авторот до крајни граници ја реализирал својата авторска визија - давајќи му ја на објектот совршената хармонија, афирmативна монументалност и складност на егзистирање на квадратните и кружните форми, компонирајќи ги во една совршена целина.
Ова негово дело е еден од најистакнатите примери на модерната архитектура на дваесеттиот век во светот. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил при што во овој негов проект успеал да ја наруши „архитектонската гравитација“ создавајќи лебдечки и совршено избалансирани архитектонски елементи издигнати и ослободени над Земјината површина - своевидни архитектонски скулптури како и две обелискни правоаголни целини вертикално издигнати на една од највисоките градителски точки на престолнината - Бразилија. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки. Palácio Nereu Ramos - 1960.
Галерија
Литература https://repositorio.unb.br/bitstream/10482/33234/1/2018_JulianoCrispimRochadaSilva.pdf
Наводи
Надворешни врски
Oscar Niemeyer Museum official site
Категорија:Градби на Оскар Нимаер Категорија:Модернистичка архитектура во Бразил