Чукар — археолошко наоѓалиште во околината на местото Костин Дол кај градот Македонска Каменица. Претставува населба од неолитот и доцната антика.

Се наоѓа источно од античкото наоѓалиште Селиште, на малото плато ограничено со длабоки суводолици на кое е подигнато селското училиште. На површината се забележуваат фрагменти од керамички садови од римското време, а според кажувањето на мештаните, биле најдени теракота и фалус од печена земја, можеби од неолитското време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 125, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Јачков Рид - Селиште — градиште од средниот век; Селиште — населба и могила; црква од римско време; старохристијанско време; Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време; Костин Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Делчевско;

Наводи