Водоматица (, Војдоматис) — река во Јанинскиот Округ на областа Епир, северозападна Грција, притока на Војуша. Извира под селото Високо (Викос) и по течението се спојува со други водотеци кои се спуштаат по падините на Тимфи или од клисурата Вик (Викос), па завршува недалеку од гратчето Коница. Има вкупна должина од 15 км.Travel Magic. (2009). ΒΟΪΔΟΜΑΤΗΣ ΠΟΤΑΜΟΣ . посетено на 6 јули 2013
И покрај нејзиното име, Водоматица важи за една од најчистите реки во Европа и не страда од никакви еколошки проблеми. Минува низ еден од највпечатливите природни предели во земјата, во состав Националниот парк Вик-Војуша уште од 1973 година. Реката ја пресекуваат повеќе камени мостови, од кои најпознат е Клидонскиот кај клисурата Вик. По Водоматица се одвиваат водени спортови како сплаварење и кајакарство.
Водоматица има сезонски водостој, иако никогаш не пресушува. Просечната темепратура на водата не надминува 4 °C.
Поврзано Загори
Наводи
Надворешни врски
Слики од Водоматица Патеки - СКАИ, Водоматица За селата во областа Загори
Категорија:Реки во Епир Категорија:Јанина (округ) Категорија:Пинд