Св. Спас — археолошко наоѓалиште во кочанското село Полаки. Претставува градиште од доцноантичко време. На високиот рид што се издига кај утоката на долот Лиса во Беровска Река, има зарамнет врв со простор од 50 × 50 м на кој се зачувани темели од бедем граден од камен и варов малтер. По површината на градиштето се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Биле најдени и неколку монети, меѓу кои една од времето на Грацијан (IV век). На местото е подигната црквичката „Св. Спас“.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. стр. 181, ISBN 9789989101069

Поврзано

Полаки; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи