Гробишта — археолошко наоѓалиште во кочанското село Вранинци. Претставува населба и некропола од Доцната антика и старохристијанска црква. Во непосредната близина на маалото Чучкарци, на пространа тераса со димензии од 200 × 100 м се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, а биле најдени и неколку монети од IV век. Во средишниот дел на наоѓалиштето се гледаат темели од старохристијанска црква околу која има повеќе гробови. Дел од монетите се чуваат кај жител од Кочани.
Поврзано
Вранинци; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.
Наводи