Грамади — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува населба од хеленистичкото време, римското време и доцноантичкото време. На 2 км јужно од селото, на една блага падина, со обработувањето на земјата на површината биле исфрлени фрагменти од керамички садови, мермерни плочи со натписи и голем број хеленистички, римски и доцноантички монети. Монетите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 231, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско; Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Градиште — населба, храм и некропола од римското време; Голема Страна — населба од доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Тополичка Чешма — храм и некропола од римското време; Ќофкарец — осамен наод од римското време.
Наводи
Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан