Ќофкарец — археолошко наоѓалиште во околината на село Долни Дисан. Претставува осамен наод од римското време. Во нивата на М. Осман, која лежи крај патот за селото Тремник, во 1952 година е најдена надгробна плоча со старогрчки натпис. Плочата се чува во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче, Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 232, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.

Поврзано Барите – Кочеви Грамади — храм и некропола од римското време; Градиште — населба, храм и некропола од римското време; Голема Страна — населба од доцноантичкото време; Грамади — населба од хеленистичкото, римското и доцноантичкото време; Двата Гроба — вила рустика и некропола од римското време; Змијавец — палеонтолошко наоѓалиште; Такрагина Чешма — населба доцноантичкото време; Тополичка Чешма — храм и некропола од римското време; Ќофкарец — осамен наод од римското време; Долни Дисан; Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско;

Наводи

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Општина Неготино Категорија:Долни Дисан