Луда Мара — археолошко наоѓалиште во неготинското село Курија. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на подрачјето близу до историското село Кукуричани.
Во нивата на Д. Трајков оддалечена 1 км југоисточно од железничката станица „Кукуричани“, расположена на просторот помеѓу автопатот (А1) и пругата, се среќаваат фрагменти од керамички садови и множество градежен материјал. Во 1979 г. сопственикот откопал питос кој денес се чува во Музејот во Неготино.
Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Неготинско
Наводи