Димитар Гаџанов (3 март 1874, Ѓумурџина — после 1947 г.) — македонски османист, турколог и професор по турски јазик. Деец на македонската емиграција во Бугарија.

Животопис Димитар Гаџанов е роден на 3 март 1874 година во градот Ѓумурџина, Егејска Македонија.Христов, Димитър. Патронът на една улица в София (Княжево) Евлия Челеби и някогашният нейн обитател Димитър Гаджанов, родом от Гюмюрджина, изд. Фараго, 2016 г. Основно и гимназиско образование стекнал во грчко училиште во неговиот мајчин град. Во 1892 година завршил во турската гимназија во Одрин. Во Истанбул стекнал више образование за земјоделие. Додека во 1900 година завршил во Софискиот универзитет за Славистика.

Од 1909 година почнал да работи во Софискиот универзитет како професор по турски јазик. Од 1910 година до 1935 година дејствувал како редовен лектор. За време на Првата светска војна, Гаџанов учествувал во експидиција во Вардарска Македонија.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244. Таму комуницирал со турското и албанското население на Македонија.

Починал после 1947 година.

Наводи

Категорија:Македонски јазичари Категорија:Османисти Категорија:Турколози Категорија:Ѓумурџина Категорија:Предавачи на Софискиот универзитет Категорија:Родени во 1874 година Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет