Грамади — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бурилчево. Претставува населба од римското време. На пространа тераса, што се издига над левиот брег на Брегалница, со орањето на нивите биле откриени темели од повеЌе објекти. На површината се среќаваат грамади од камења, покривни ќерамиди и фрагменти од питоси. Според кажувањето на мештаните, биле најдени и повеќе монети. Еден керамички сад се чува во Музејот на Македонија.

Поврзано

Бурилчево; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи