Манастир — археолошко наоѓалиште во кочанското село Бурилчево. Претставува населба од римското време. Се наоѓа на околу 150-200 м северно од Могила I на наоѓалиштето Могила. На површината има делкани камени блокови, варов малтер и фрагменти од римска керамика од III-IV век. Најверојатно Манастир и Могила претставуваат една споменична целост.

Поврзано

Бурилчево; Список на археолошки наоѓалишта во Кочанско.

Наводи