Горачино — археолошко наоѓалиште во штипското село Горачино. Претставува депо на монети од римското време. Во 1966 година во атарот на селото биле најдени повеќе бронзени монети од кои се зачувани 8 примероци, и тоа 4 од Антонин Пиј и 4 од Фаустина, исковани во Пауталија. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Штип.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 430, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Ограѓе — населба од доцноантичкото време и средновековна црква со некропола; Горачино; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи