1492 Италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите „Санта Марија“, „Ниња“ и „Пинта“ отпочнал патување за пронаоѓање на морскиот пат кон Индија, а пристигнал до Карибите откривајќи ја Америка. 1909 Во Солун почна Основачкиот конгрес на Народната федеративна партија на која беа усвоени правците и задачите на партијата и беше избрано партиско раководство на чело со Димитар Влахов. 1914 Германија во Првата светска војна ѝ објави војна на Франција. 1936 Џеси Овенс го освојува својот прв златен медал на олимпијадата во Берлин каде во финалната трка го победува Ралф Меткалф. 1949 Кошаркарската асоцијација на САД го добива името Националната кошаркарска асоцијација (НБА). 1960 Нигер се стекнува со независност од Франција. 2002 Турција ја укинува смртната казна 2013 Хасан Рухани доаѓа на функцијата претседател на Иран
3 август