Говедарски Пат — археолошко наоѓалиште во селото Црвулево општина Карбинци. Претставува населба и некропола од доцната антика. На 400 м североисточно од селото, од десната страна на Руљачка Река има зарамнета тераса. Во нивата на Ц. Карајанов во 1976 година е откриена и истражена гробница со голем број гробни прилози од керамика, коска, стакло и метал, од III-IV век. Околу неа на површината има остатоци од градежен материјал Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 444, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Батулица — населба од доцноантичко време; Говедарски Пат — населба и некропола од доцноантичко време; Кула — градиште од доцноантичко време; Ниви на Веселин Јованов — населба од доцноантичко време; Карбинци; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Црвулево