Тумба — археолошко наоѓалиште во местото Селце општина Штип. Претставува могила од римско време. На јужниот крај од месноста Јарма, оддалечена од селото 250-300 м, се издига могила висока 3,5 м која има неправилна елипсовидна основа со димензии од 21 × 16 м. Во средината има војнички ров, длабок 1 м, при чие копање биле извадени варов малтер и камен. Од димензиите и обликот на могилата може да се заклучи дека се работи за ѕидана гробница со дромосКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 441, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Поврзано Јарма — населба од доцна антика; Тумба — населба од доцна антика; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи