Кала — археолошко наоѓалиште во местото Пухче општина Штип.

Претставува утврдување од доцната антика.

На околу 600 м западно од селото, над наоѓалиштето Градиште се издига ридот Кала кој на врвот има тркалезно плато со пречник од 150 м, на едната страна заштитено со висовите на Серта, а на другата отворено кон долината на Лакавица. Со исклучок на јужната страна, сите други се стрмни и тешко пристапни. По работ на платото се следат остатоци од темели на широк бедем, лошо зачувани. Во габаритот на градиштето има расфрлен градежен материјал (тули, тегули и камен), а се насетуваат и темели од поголем број објекти.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 440, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069. Поврзано Бавчи — населба од доцна антика; Градиште — населба од доцна антика; Кала — утврдување од доцна антика; Пухче (археолошко наоѓалиште) — некропола од доцна антика; Рамниште — населба од доцна антика; Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Пухче