Стопански Штали — археолошко наоѓалиште во штипското село Долни Балван, Општина Карбинци. Претставува населба од доцноантичко време.

Се наоѓа близу до селото, од десната страна на реката Брегалница. На површината се среќаваат остатоци од темели на ѕидови, градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси. Најдени се и неколку римски бронзени монети.

Поврзано

Долни Балван; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.

Наводи