Дворот на Божин Николов — археолошко наоѓалиште во местото Лесковица општина Штип.

Претставува населба од доцната антика.

Николов, копајќи дупка за вар во својот двор, на длабочина од 1 м нашол фрагменти од керамички садови, орудија од коска и прегорена земја. Наодите ги отстранил, со исклучок на еден фрагмент од животинска статуетка - свиња. Поточно, најден е дел од главата на кој пластично се обработени рилката, очите и ушите. Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 439, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Бунар — населба од доцна антика; Голема Нива — населба од доцна антика; Дабјата — населба од доцна антика; Дворот на Божин Николов — населба од доцнонеолитско време; Сопот (Лесковица) — Стари Гробишта (Лесковица) — Суни Чешма (Лесковица) — Штип; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Лесковица