Јанчовец — археолошко наоѓалиште во штипското село Криви Дол. Претставува некропола од доцноантичкото време. Во нивата на еден жител и во соседните лозја, кои лежат на 600 м југоисточно од селото, сопствениците откопале неколку гробови со монолитни камени плочи, во кои нашле керамички садовии бронзени прстени, кои не се зачувани. Со оглед на близината на наоѓалиштето Грамади, некрополата веројатно ѝ припаѓа на истата доцноантичка населба.
Поврзано Градиште — утврдување од доцноантичкото време; Грамади — населба од доцноантичкото време; Долна Бежанија — населба од бронзеното време; Криви Дол; Список на археолошки наоѓалишта во Штипско.
Наводи