десно|мини|290x290пкс| Лозови насади Маркам Винарска визба Маркам е винарија која е создадена во долината Напа, Калифорнија, во 1874 година. Винаријата Маркам работела постојано од своето основање (иако под различни имиња) и е четвртата најстара винарија што работи постојано, во округот Напа.
Историја Винаријата Маркам е создадена од Џенан Лоран, кој бил имигрант од регионот Бордо во Франција, и пристигнал во Калифорнија во 1852 година како дел од приливот на население што произлезе од златната треска во Калифорнија. Видел дека земјата во долината Напа е соодветна за производство на вино и ја создал својата фабрика за производство на вино во 1874 година.Hill, Kathleen & Gerald. Napa Valley Land of Golden Vines. The Globe Pequot Press, 2005, p. 165. Лоран и неговите лози станале познати текот на 1880-ти години.
Џенан Лоран починал во 1890 година, а неговата винарија продолжила со успешна работа до 1978 година. Таа година, винаторот Брус Маркам ја купил винаријата на Лоран и ги работел лозјата во околните Јантвил, Оук Нол и Калистога, Калифорнија. Со тоа ги основал лозовите насади Маркам.
Во 1988 година винаријата Лоран била продадена на јапонскиот производител на вино и алкохолни пијалаци Мерсијан Корпорејшн. Тој започнал четиригодишна програма за реновирање, проширување и засадување на повеќе лозови насади на имотот на Маркам, вреден повеќе од милион долари. Со помош на овие реновирања и засадување на лози повеќе од двојно го зголемил капацитетот на лозовите насади Маркам.Napa Valley Vintners, August 9, 2011.
Од 2019 година винаријата е во сопственост на јапонската компанија Кирин.
Лозја На винаријата Маркам во долината Напа и припаѓаат 350 хектрарина лозје во областите што се граничат со планината. Света Елена, околу заедниците Калистога, Јантвил и Оук Кнол.
Вина Винаријата Маркам произведува вина од видовите Мерло, Каберне Совињон, Совињон блан и Шардоне. Винаријата е историски позната по своето вино Каберне Совињон, иако виното Мерло кое било познато во 1980 година подоцна станало предводник.
Наводи
Надворешни врски
Лозови насади Маркам Маркам
Категорија:Винарски визби во САД