Големите капачки ― слика, масло на платно од 1884–1887 година од францускиот уметник Пјер Огист Реноар. Денес се наоѓа во Филаделфија, Соединетите Држави во Музејот на уметноста во Филаделфија.[ https://www.grandspeintres.com/les-grandes-baigneuses-renoir/ Les grandes baigneuses]
Опис На сликата е прикажана сцена на голи жени како се бањаат. Во преден план, две жени седат покрај водата, а третата стои во водата близу нив. Во позадината , има уште две капачки. Таа што стои во водата во преден план, се чини дека треба да попрска со вода една од жените што седт на брегот. Таа жена се потпира назад за да гоизбегне очекувано прскање[ https://www.rivagedeboheme.fr/pages/arts/oeuvres/auguste-renoir-les-grandes-baigneuses-1884-87.html / Auguste Renoir. Les Grandes Baigneuses (1884-87)].
Стил Сликата е внимателно надоградувана и композициски и стилски со настојување на доловување на севкупниот впечаток на светлината, како и поетиката која е во слава на животот, во неа Реноар, целосно се посветува на слободно прикажување на сцени со потполна радост и величење на убавината на женското тело, сликата има одреден наивен, чист, исконски зафат во претставувањето на природата и човекот. Боите, начинот на поставување и градација на копозицијата, линиската колористичка ритмика како и чувството на светлосно треперење, всушност го претставуваат импресионизмот во целосна авторска ликовна ангажираност и естетска верба, со што во оваа слика настојува на повеќето ликовни елементи во кои настојува на прикажувањето на фигурите и одредена дефинираност и прецизност во севкупниот условен реализам[ https://www.unique-poster.com/tableaux/pierre-auguste-renoir-tableau-5012.html / 'Les Grandes Baigneuses' de Pierre-Auguste Renoir].
Влијание Сликата повеќе содржи одредени не само ликовни елементи карактеристични за импресионизмот туку и одредени елементи кои директно го најавуваат постимпресионизмот и е еден вид директно влијание и мост кон капачките на Пол Сезан, насликани подоцна и во сосема друг ликовен контекст.[ http://www.impressionniste.net/renoir.htm / Pierre Auguste RENOIR peintre de la vie heureuse].
Наводи
Надворешни врски The Large Bathers, 1884—1887, Pierre-Auguste Renoir, Google Art Project, www.googleartproject.com Renoir, The Large Bathers, Khan Academy — www.khanacademy.org Пьер Огюст Ренуар — Большие купальщицы, impressionism.su
Категорија:Слики од Пјер Огист Реноар Категорија:Слики од колекцијата на Музеј Орсе Категорија:Слики од импресионизмот