Основно училиште „Страшо Пинџур“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Страшо Пинџур“ - Калаузлија; скратено: ПООУ „Страшо Пинџур“) — подрачно основно училиште во селото Калаузлија, составен дел на ОУ „Страшо Пинџур“ од селото Карбинци.

Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Страшо Пинџур.

Местоположба

Објектот на училиштето се наоѓа во самото село Калаузлија, во непосредна близина на регионалниот пат.

Објект

Селото добило ново училиште со помош на турската организација „Тика“, која во изградбата на училиштето вложила 65.000 евра.

Настава

Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.

Наводи

Категорија:Основни училишта во Општина Карбинци Калаузлија Категорија:Калаузлија (Штипско)