Битола, мој роден крај — македонска народна песна, текст и музика од Ајри Демировски. Песната била напишана во 1944 година во Загреб, а првпат била изведена во 1950 година на прослава во Битола.

Историја Демировски ја напишал песната во 1944 година во Загреб каде го изучувал графичкиот занает и имал носталгија за Битола. Својата прва изведба песната ја доживеала на прослава пред Народниот театар во Битола каде ја испеал Ајри во придружба на оркестарот на Радио Битола.

Текст Битола, мој роден крај, Во тебе сум роден, За мене си рај.

Битола, мој роден крај, Јас те сакам од срце, знај. Битола, мој роден крај, Јас те сакам, за тебе пеам.

Многу градови, села пројдов, Како тебе Битола, нигде не најдов.

Битола, мој роден крај, Јас те сакам од срце, знај. Битола, мој роден крај, Јас те сакам, за тебе пеам.

Еј, роден крај, кој би можел, Збогум да ти рече, да не заплаче.

Битола, мој роден крај, Јас те сакам од срце, знај. Битола, мој роден крај, Јас те сакам, за тебе пеам.

Наводи

Надворешни врски Текст и музика на pesna.org

Категорија:Македонски песни Категорија:Македонски народни песни Категорија:Песни за Битола