Амандовиот синец (Polyommatus amandus) е пеперутка од видот на пеперутки синци. Пеперугата живее во Евроазија, вклучувајќи ја и Македонија.

Опис Распонот на крилјата на пеперугата е од 29 до 35 мм. Оваа пеперутка е значително поголема од останатите синци. Горната страна на крилјата на пеперутката е со забележливи нијанси на светлосина боја. Средишниот дел преминува кон блега, а кон краевите се затемнува кон темносина. Вените се со темносина боја. Рабовите на крилјата се бели, со црна бордура. Долната страна на пеперугата е светлокафена или кремаста со присуство на црни, бели и жолти точки со различна форма и големина. Рабовите се бели со темнокафена бордура.

Биологија Амандовиот синец живее во голем дел од Европа и делови од Азија. Претпочита долини, ливади тревни површини и отворени места каде има растенија со кои се хранат ларвите. Најчесто живее до надморска висина до 1000 метри.

Возрасните единки летаат од мај до август. Ларвите се хранат со растенијата Vicia, Lathyrus pratensis и Vicia cracca. Мажјаците летаат околу растенијата со кои се хранат и чекаат да пристигнат женките. Ларвите лачат леплива блага течност со која се хранат мравки и со тоа се заштитуваат од грабливци.

Наводи

Поврзано Пеперутки во Македонија

Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Синци