Татијанин ден (, Татијанин ден), исто така познат како Денот на студентите, наречен е по Св. Татјана, христијанска маченица од Рим, од 3 век за време на владеењето на царот Александар Велики. Тоа е воедно е и именден за името Татјана. Руската православна црква го прославува празникот на Светата Татјана на 12 јануари, според јулијанскиот календар, т.е. 25 јануари по грегоријански. Во Русија, тој ден е познат како Ден на студентите, во знак на сеќавање на основањето на московскиот државен универзитет.

Според јулијанскиот календар, на 12 јануари 1755 година, т.е. 23 јануари 1755 година според грегоријанскиот календар, царицата Елисавета I Петровна потпишала указ за формирање на првиот руски универзитет, кој бил изграден во Москва и ставен под старателство на првиот руски министер за образование Иван Шувалов (тој ден бил именден на неговата мајка ). Во 1791 година во универзитетскиот кампус била изградена црквата Света Татјана, а руската православна црква ја прогласила Света Татјана за заштитничка на студентите.

Татијаниниот ден започнал да се одбележува како Ден на студентите во земјите од поранешното Руско Царство. Одбележувањето има долга традиција на свечени активности и прослави. Во 1885 година, Чехов за Таитјаниниот ден напишал: „Оваа година сè се пиеше, освен водата од москвската река, и само затоа што беше замрзната“. Денот започнува со традиционална служба која се одржува во универзитетската црква по што следат говори и доделување на награди. Подоцна во текот на денот, многу студенти организираат забави или јавни настани или присуствуваат на нив.Eremeeva, Jennifer. "Students' Day", Russia Lite, 25 January 2011 (broken link) Иако потекнува од Москва, прославата на Татијaнинот ден се проширила на повеќето универзитетски градови.

Татијиниот ден, исто така, се совпаѓа со крајот на првиот рок од традиционалната академска година за руските и украинските студенти, па празникот се одбележува и како ден на прослава на завршните испити.

Наводи

Надворешни врски

Капела Света Татјана на Московскиот државен универзитет Место за катедралата Свети Исак Мачеништво на Света Татјана (вклучува икона)

Категорија:Православието во Русија Категорија:Христијански празници Категорија:Религијата во Русија Категорија:Народен календар на источните Словени Категорија:Празници во јануари