Државно водство Претседател Стево Пендаровски Премиер Зоран Заев Претседател на Собранието Талат Џафери
Настани јануари 2 јануари - Во пожар кој избил доцна вечерта изгоре голем дел од струмичкиот трговски центар Глобал. 12 јануари - Собранието го исгласа новиот состав на Државната изборна комисија на чело со Александар Даштевски. 13 јануари - Интервенти единици на македонската полиција упаднаа на традиционалниот Вевчански карневал со цел истиот да биде спречен поради непочитување на мерките за заштита од КОВИД-19. Оваа акција на предизвика бурни реакции низ јавноста. 23 јануари - На градилиштето на комплексот Дајмонд на турската градежна компанија Лимак во Скопје биле затекнати 97 илегални странски работници кои биле ангажирани од 15 фирми подизведувачи. 25 јануари - Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, го потпиша указот на законот за попис со што се исполнија правните услови за да се изведе пописот 2021 во април. 25 јануари - Насер Зибери е избран за нов народен правобранител. 27 јануари - На комуникациската платформа Телеграм е откриена група наречена „Јавна соба“ во која се споделувале порнографски материјали и лични податоци од млади девојки. 31 јануари - Живко Мукаетов доби трет мандат како претседател на Ракометната федерација на Македонија.
февруари мини|десно|200п|Првите вакцини против КОВИД-19 во Македонија 1 февруари - Во Софија е уапсен полицискиот специјалец Игор Спасов кој избега од издржување на 14 годишната затворска казна за убиството на Матин Нешковски во јуни 2011. 3 февруари - Во организација на повеќе невладини организации се идржа протестен марш за поддршка на жртвите на сексуално вознемирување од страна на членовите на групата „Јавна соба“. 3 февруари - Вицепремиерот Никола Димитров ја доби поддршката од мнозинство пратеници по поднесената интерпелација од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 5 февруари - Во Собранието на Македонија се одржа јавна расправа за предложената нацрт-концепција за основното образовение. Истата во периодот пред расправата беше цел на остри критики од страна на јавноста и стручната фела. 8 февруари - Министерот за здравство, Венко Филипче, го потпиша договорот за набавка на 200,000 ББИБП-КорВ вакцини од Кинеската Национална Фармацевтска Групација (Синофарм). 8 февруари - ОЈО отвори истрага против 4 лица осомничени за стечајот на Еуростандард банка и перење пари. 10 февруари - Двотретинско мнозинство делегати на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ ја потпишале иницијативата за вонреден конгрес за промена на раководството на партијата. 13 февруари — Кире Лазаров е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. 14 февруари — пристигнала првата пратка со 4680 дози од вакцината против КОВИД-19 на производителот Фајзер како донација на Република Србија.
март
април
мај 11 мај — собранието изгласало контроверзен закон за легализација на дивоградби со кои би се овозможило легализирање на беспавно изградени објекти во заштитени подрачја и национални паркови. 14 мај — претседателот Стево Пендаровски не го потпишал указот на конторверзниот закон за легализација на дивоградби. 15 мај — пристигнала втората пратка на вакцини против КОВИД-19 од кинескиот производител Синофарм.
Култура Музика Филм и телевизија Згради и градби Спорт Фудбал
Кошарка
Ракомет На 31 јануари претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, доби трет четиригодишен мандат. На 13 февруари Кире Лазаров е назначен за нов селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија. Репрезентација Како последица на пандемијата на коронавирус во 2020 се откажаа европските квалификации за светското првенство во 2021. Европската ракометна федерација одлучи да го искористи конечниот пласман на европското првенство 2020 за определување на учесници. Со ова Македонија не доби пласман на првенството.
Во декември 2020 Меѓународната ракометна федерација ја објави списокот на резервни репрезентации кои би учествувале ако некоја од државите се откажат од учество. Македонија беше прва на листата за замени. На 12 јануари 2021 ИХФ објави дека Чешка се повлекла и македонската репрезентација го зазема нивното место.
Македонија го заврши учеството на светското првенство на 23. место што претставува историски најлошиот пласман. Од вкупно 6 одиграни натпревари, македонската репрезентација победи на само 1 со кој успеа да помине во главната фаза.
По дебаклот на првенството, селекторот на ракометната репрезентација, Данило Брестовац, се повлче од функцијата во спогодба со РФМ.
Клубови
Одбојка На 16 јануари машката одбојкарска репрезентација со победа над Турција се пласирала на европското првенство 2021.
Починати thumb|десно|100px|Бранка Станковска
Зоран Џорлев — македонски виолинист и професор Драгослав Младеновиќ — македонски хирург и професор Бранка Станковска — македонска радио и телевизиска водителка Ристе Недановски — македонски новинар
Наводи