Наталија Поклонска (руски: Наталья Владимировна Поклонская) е руска политичарка, правничка, пратеничка на државната дума во Русија од 5 октомври 2016 година.

Поранешна врховна обвинителка на Република Крим во Русија од 25 март 2014 година до 6 октомври 2016 година. Од 11 март 2014 година до 17 март 2014 година, таа била врховен обвинител на Автономна Република Крим во рамките на Украина и независна Република Крим.

Животопис Родена е на 18 март 1980 година во областа Михајловка во близина на Славјаносербск во тогашната Ворошиловградска област (данас Луганска област). Кога имала осум години, таа се преселила со нејзините родители во Евпаторија на Крим.

Поклонска првпат привлекла внимание во самиот Крим во 2011 година, кога како државен обвинител спровелае кривична постапка против Рувим Аронов, поранешен потпретседател на Врховниот совет на Република Крим, обвинет за поврзаност со организиран криминал. Истата година, таа била назначена за обвинител на Симферопол, задолжена за заштита на животната средина. После тоа, таа била пренесена во Киев, во канцеларијата на Врховниот обвинител на Украина.

Таа поднела оставка во Киев на 25 февруари 2014 година, објавувајќи дека „се срами да живее во земја во која разбојниците можат слободно да шетаат по улиците“ (за активисти кои ги окупираат улиците). Оставката не е прифатена. Наместо тоа, Поклонска се вратила во родниот Крим.

Назначена од премиерот Сергеј Аксионов за главен обвинител на Автономна Република Крим на 11 март 2014 година, пред неа оваа работа ја одбиле четворица мажи. Поклонска промената на владата во Киев ја нарекла „антиуставен пуч“. На нејзината прва прес-конференција привлекла големо внимание за нејзиниот невообичаено привлечен изглед и за неколку дена станала интернет феномен, благодарение на новосоздадените обожаватели во Источна Азија кои започнале да ги прават нејзините слики во аниме стил.

На 26 март 2014 година, украинските власти распишале потерница против неа.

Приватен живот Во интервју за Спутник во мај 2018 година, таа изјавила дека има српско потекло и дека тоа го знае многу одамна од нејзината прабаба Катарина Гаврилова. Нејзините предци потекнувале од Војводина и живееле во Славјаносербска.

Наводи

Надворешни врски

Наталија Поклонска (конференција за медије 11. марта 2014.) на сајту Јутјуб Государственная дума Федерального собрания Российской Федерации: Наталья Владимировна Поклонская Поклонска у Србији: Ексклузивно о свом српском пореклу, Украјини, Криму... (Спутњик Србија, 1. мај 2018) на сајту Јутјуб

Категорија:Родени во 1980 година Категорија:Руски правници Категорија:Руски политичари Категорија:Живи луѓе