Селиште — археолошко наоѓалиште во околината на гевгелиското село Габрово. Претставува населба од римско време.
На 2,5 км јужно од селото, во нивата на А. Поповски е откриен дел од хидроинсталација - канал граден од кршен камен и варов малтер, со покрив од камени плочи. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 102, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Аузо — населба од римско време; Градиште — градиште од средниот век; Дедовец — рударска населба од римско време; Кочиње — населба од доцнантичко време; Лалово Трло — населба од доцнантичко време; Стојков Рид — некропола од доцнантичко време; Студенка — населба од доцнантичко време; Габрово;
Наводи
Категорија:Габрово (Гевгелиско)