Манастир — археолошко наоѓалиште во гевгелиското село Милетково. Претставува населба од римското време.
Наоѓалиштето се наоѓа помеѓу селата Смоквица и Милетково, спроти Исарот, недалеку од мостот на Вардар. На голем простор по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Се забележуваат и темели градени од камен и варов малтер. На ова место, според податоците добиени од мештаните, биле најдени: торзо од женска статуа, профилиран блок од мермер и тордирана колона, кои сега се сместени во дворот на црквата Св. Димитриј во селото Смоквица.
Поврзано Градишор — населба и некропола од раноантичко и римско време; Гробишта — сакрален објект од римско време ; Лозјата — водовод од римско време; Смреков Рид — населба од хеленистичко и римско време; Список на археолошки наоѓалишта во Гевгелиско
Наводи