Уполу (самоански: Upolu) е остров во државата Самоа.

Географија Островот е долг 75 километри и има вкупна површина од 1125 км2, што го прави втор по големина во државата. На Уполу живеат околу 145.000 жители и со тоа е најнаселен самоански остров. Уполу се наоѓа југоисточно од Саваи. Апија, главниот град на државата, се наоѓа во средишниот дел на северниот брег. На западниот дел од островот се наоѓа Меѓународниот аеродром Фалеоло. Нема забележано вулкански ерупции, но има остатоци од три дамнешни потоци од лава.

Историја

Во 19 век, шкотскиот писател Роберт Луис Стивенсон поседувал имот на Уполу во селото Ваилима. Тој умрел на Уполу во 1894 година и е закопан на врвот на брдото Ваеја, каде гробот гледа кон неговиот имот. Поседот бил откупен во 1900 година и служел како службена резиденција на германскиот гувернер на Германска Самоа. Кога Британија ја презела контролата врз островите, Британците го конфискувале имотот и го ставиле во иста употреба. Денес е резиденција на шефот, односно претседателот, на Самоа.

Жив свет Уполу е дом на еден многу редок вид пајак. Според Гинисовата книга на светски рекорди, пајакот е голем колку точката на печатена страница.

Галерија

Белешки

Наводи

Надворешни врски

Агенција за туризам на Самоа

*